12/13/2017 | 
GTZ Redem

Сојуз на Стопанските Комори на Македонија

Тотал

место за реклама

CS Global


    10/22/2007
    СТРУМИЧКОТО СТОПАНСТВО ПРЕТСТАВЕНО НА МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ВО ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА

    Во периодот од 15 -19 Октомври 2007 година, претставници на Општина Струмица присуствуваа на 34 Меѓународен саем за мебел, внатрешно уредување и пратечки индустрии Амбиента - Загреб - Р.Хрватска. Во склоп на посетата на саемот беше промовирано мултимедијалното цд Strumica Economу - wood industry.

    На промотивното мултимедијално цд Strumica Economy се наоѓаат производните програми на 12 компании производители на мебел од Струмица. Мултимедијалното цд беше достапно и дистрибуирано во околу 1000 примероци на излагачи, посетители, комори, и здруженија од Р. Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Турција, Германија и други.

    Во рамките на посетата на Загреб претставниците од Општина Струмица остварија средби со Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство во Владата на Р.Хрватска, г-дин Петар Чобанковиќ, Претседателот на Хрватска стопанска комора - Загреб, Претседателот на Хрватска стопанска комора - Жупанија Сисак, Претставници на Стопанска комора на Босна и Херцеговина, Претставници на Загребачки велесаем, Претставници на саем Амбиента како и бројни контакти со фирми излагачи од повеќе земји од Европа. На средбите беше разговарано за продлабочување на деловните односи меѓу компаниите од Струмица и компаниите од земјите кои ги застапуваат коморите. Претставниците на Хрватската стопанска комора преку здружението на дрвно преработувачката индустрија истакнаа дека голем дел од хрватските компании за мебел се заинтересирани за воспоставување на деловни односи со производителите на мебел од Струмица.

    Кон средината на месец ноември на исти начин ќе биде претставен прехрамбениот сектор од Струмичкото стопанство на меѓународен саем во Белград Србија.