6/25/2017 | 
GTZ Redem

Сојуз на Стопанските Комори на Македонија

Тотал

место за реклама

CS Global


    9/6/2007
    Агрокор ќе инвестира 20 милиони евра во откупниот центар во Струмица

    Хрватскиот концерн Агрокор најавил инвестиција од 20 милиони евра за изградба на земјоделскиот откупно-дистрибутивен центар во Струмица, вели градоначалникот на Струмица Заев за Тотал.

    Заев вели дека месецов општината треба да донесе одобрение за градба, а во октомври да се удрат темелите на откупниот центар, кој треба да биде готов до крајот на 2008 година. Откупниот центар ќе се наоѓа веднаш зад новата автобуска станица во Струмица, на површина од 150.00 квадратни метри. Општината веќе ја подготвуваше оваа локација за таа намена, а сега нејзина задача ќе биде да ја изгради инфраструктурата. Заев вели дека за тоа ќе бидат потребни најмалку 2,5 милиони евра.

    Претставници на Агрокор пред две недели биле во посета на општината, по што Советот на општината се согласил градежното земјиште кое општината Струмица го доби на долгорочно користење од страна на државата, да се врати во државна сопственост.

    “Во договор со Министерството за транспорт и врски се откажавме од надлежноста врз државното градежно земјиште, односно и го вративме во сопственост на државата, само за да овозможиме Агрокор да инвестира”, потенцира Заев. Според Заев, од Агрокор најавиле дека втората фаза на инвестицијата ќе опфаќа и изградба на конзервна фабрика, а на крајот ќе се градат и маркети од синџирот “ Конзум”.
    (Тотал)