8/20/2017 | 
GTZ Redem

Сојуз на Стопанските Комори на Македонија

Тотал

место за реклама

CS Global


    8/23/2007
    СТРУМИЧКОТО СТОПАНСТВО НА МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ВО ЗАГРЕБ И БЕЛГРАД

    Општина Струмица ќе го претставува струмичкото стопанство на меѓународни саеми во Загреб и Белград. Проектот Меѓународна саемска промоција на струмичкото стопанство кој од страна Центарот за локален економски развој на струмичкиот регион беше аплициран до ГТЗ Редем и официјално е одобрен.


    Проектот кој е дел од макро проектот Strumica Economy и дел од промотивната кампања Струмица отворена за бизнис предвидува  изработка на две мултимедијални цд-а на дрвната и прехрамбената индустрија и нивна промоција на меѓународни саеми во Белград и Загреб.

    Мултимедијалното цд на дрвната индустрија ќе содржи фотографии и информации за струмичките производители на мебел  и  ќе биде промовирано на меѓународниот саем Амбиента во Загреб, Хрватска кој е е еден од најрепрезентативните саеми од оваа категорија во Европа. Саемот ќе се одржи од 16-21 октомври оваа година.

    Промотивното цд на прехрамбената индустрија ќе содржи информации за производителите од оваа дејност и ќе биде промовирано на меѓународниот саем за храна, пијалок, вино и опрема кој од 26 до 28 ноември ќе се одржи во Белград.

    Проектот е финансиран од ГТЗ Редем а во него учествуваат четирите општини од струмичкиот регион (Општина Струмица, Ново село, Босилово, Василево) и Сојузот на стопански комори.