8/20/2017 | 
GTZ Redem

Сојуз на Стопанските Комори на Македонија

Тотал

место за реклама

CS Global


    6/19/2007
    ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ НА EBRD – ЕВРОПСКА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ

    Почитувани стопанственици, Ве покануваме да присуствувате на презентацијата на кредитните линии на EBRD – Европска банка за обнова и развој која на 22 Јуни (петок) во 12 часот ќе се одржи во Домот на АРМ.

    “ЕBOR-Италија Програмата за локални претпријатија од Западен Балкан” е програма за инвестиции основана од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБOR), со финансиски придонес и поддршка од италијанската влада. Oснованa e во април 2006 година, a преку неа може да се реализираат поединечни инвестиции во износ од 1 до 4 милиони евра. Програмата придонесува кон економското зајакнување на земјитe од западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово) преку обезбедување финансии за вложување во акционерски/квази акционерски капитал на мали и средни претпријатија. МСП активни во полето на производство и услуги се тие што се квалификуваaт за средства од програмата, без разлика на националноста на сопствениците.

    На презентацијата ќе се обратат:
    • Зоран Заев, Градоначалник на Општина Струмица
    • Г-дин Кенџи Наказава, Претставник на канцеларијата на ЕБОР во Скопје
    • Г-дин Фабио Сери, Виш Советник за ЕБОР-Италија Програмата за локални комании за Западен Балкан
    • Г-ѓа Билјана Милошевска, Банкар во Постојаната канцаларија на ЕБОР