10/7/2022 | 
GTZ Redem

Сојуз на Стопанските Комори на Македонија

Тотал

место за реклама

CS Global


    6/18/2007
    БУГАРИЈА Е ПЕТТА ЗЕМЈА ВО ЕУ СПОРЕД РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ

    Бугарија, иако е најсиромашна земја во ЕУ, се наоѓа на петтото место според порастот на трошоците за плати во Унијата. Вкупните трошоци за работна сила во Бугарија во првиот квартал годинава се зголемиле за 15,9% во споредба со истото тромесечје во 2006 година, соопшти Евростат, статистичката служба на ЕУ.

    Платите, кои се основа компонента на вкупните трошоци за работна сила, се зголемиле за 17,3%, а останатите трошоци се зголемиле за 9,4%.

    Во моментов Летонија е на прво место во ЕУ според трошоците за плати со зголемување од 32,6% во однос на 2006, а втора е Романија каде е забележано зголемување од 25%. Пред Бугарија се наоѓаат уште Литванија со 22% и Естонија со 21%.

    “Во 27-те земји-членки на Европската унија трошоците за работна рака се зголемиле просечно за 3,7% во првиот квартал“, соопшти Евростат.
    (ТОТАЛ)