8/11/2022 | 
GTZ Redem

Сојуз на Стопанските Комори на Македонија

Тотал

место за реклама

CS Global


ХОТЕЛ ЦАР САМУИЛ

Дејност: 
хотелиерство и угостителство

Локација - Јавната Здравствена Организација - Природно Лекувалиште Бања Банско е сместена во хотел Цар Самуил во локалитетот Бања Банско, на подножјето на планината Беласица, 12 км. југоисточно од градот Струмица.
Капацитети - Хотелот Цар Самуил располага со 190 кревети, комплетно опремен дел за балнео терапија и медицинска рехабилитација, како и други простории од спортско - рекреативен и забавен карактер:

• полуолимписки рекреативен базен
• трим кабинет
• сала за билјард
• пинг понг
• шах
• снек-бар
• кафеана со жива музика
• нокен диско клуб
• ТВ сала и др.

Климатски услови - Благата умерено -континентална клима со просечна годишна температуре од +13 степени целзиусови, со околу 230 сончеви денови во годината како и богатството со хипертермални минерални извори со температуре на водата од 47 до 72 степени, овозможиле природното лекувалиште да се користи уште од Римското Време, односно од 3 Век. Лековитоста ја потврдува и Турската бања која и ден денес се користи од локалното население. Богатите и разновидни шуми и извонредно чистиот воздух ги комплетира условите за лекување со природни фактори, потпомогнати со најсовремена медицинска техника и стручни медицински екипи.
Лековитo дејство - Бањата помага при лекување на следните заболувања:

• сиде видови ревматични заболувања
• ишијалгии и полиартрити
• астматични заболувања
• болести на органите за варење ( чир, гастрит, цревни заболувања )
• состојба после фрактура на коските
• состојба после прележана жолтица
• нервни заболувања
• женски гинеколошки заболувања(стерилитет, запаление на јајници)

Генерални податоци:

  • AddressАдреса:
  • Јавна Здравствена Организација
    Природно Лекувалиште
    Бања Баско
    Хотел Цар Самуил Банско
    2400 Струмица
  • TelephoneТелефон:
  • +389 (34) 377 193
    +389 (34) 377 210

Контакт форма:

(задолжително за пополнување)
(не е задолжително за пополнување)
(задолжително за пополнување)
(задолжително за пополнување)