
ОПШТИ УСЛОВИ
- • Секое правно лице кое обавува дејност на територијата на Струмичкиот микро регион (Општини Струмица, Ново село, Босилово, Василево) има можност да стане член на economy.strumica.gov.mk.
• Заинтересираниот субјект треба да го пополни прашалникот (кој може да го превземете овде) и да се придржува на условите вметнати во прашалникот.
• Да обезбеди електронски фотографии од својата компанија и производите на својата компанија.
• Податоците од точка 2 и 3, да ги достави до Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион (Адреса: Општина Струмица ул. Сандо Масев бр.1 Струмица; Телефон/Факс: 034/340-224; E-mail: lersr@strumica.gov.mk) кој ќе ги преведе Вашите податоци на Англиски, Бугарски и Грчки јазик, и согласно дејноста на компанијата ќе ја подели во еден од линковите.
• Секој член на www.strumicaeconomy.com ќе добие е-mail: imenaclenot@strumicaeconomy.com
• Цената за годишна админстација, одржување и промоција на членовите на www.strumicaeconomy.com ќе ја определи Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион.
• Само членовите на www.strumicaeconomy.com имаат можност да постават рекламни банери на www.strumicaeconomy.com
• Цената за рекламен банер на www.strumicaeconomy.com ке ја определи Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион.
• Секој член на StrumicaEconomy одговара за вистинитоста на своите податоци во насока на задржување на довербата и лојалноста од потрошувачите.
• На барање на член на www.strumicaeconomy.com, Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион ќе изврши промена на податоци и фотографии, како и внесување на нови податоци и фотографии.