10/23/2017 | 
GTZ Redem

Сојуз на Стопанските Комори на Македонија

Тотал

место за реклама

CS Global


ОПШТИНСКИ ПОВОЛНОСТИ
ОПШТИНА СТРУМИЦА, НОВО СЕЛО И БОСИЛОВО

  • НАМАЛЕНА КОМУНАЛНА ТАКСА

    Советот на Општина Струмица може да донесе одлука за намалување на комуналната такса. Потребно е инвеститорот да достави бизнис план, заедно со потребната техничка документација за градба, до Општина Струмица. Одделението за локален економски развој при Општина Струмица ќе изврши анализа на инвестицијата врз база на следните критериуми: висина на инвестиција, број на нови вработувања, број на вработувања од високообразовен кадар, користење на суровини од домашно (локално) потекло, големина на пазарот, процент на извоз, производство на готов или полуготов производ, воведување на нова технологија и креирање на нови асортимани на производи, како и еколошки аспект на производниот погон. Врз основа на анализата Одделението за локален економски развој ќе го предложи процентот на намалување на комуналната такса.