
ЛОКАЦИИ - ОПШТИНА СТРУМИЦА
ЛОКАЦИЈА 1
Назив: ЦЕНТАР ЗА ПОНУДА И ПОБАРУВАЧКА НА РАНОГРАДИНАРСКИ ПРОИЗВОДИ
Сопственост:Општина Струмица
Површина: 150.868 m2
Локација: До Магистрален пат М-6; Стопанска зона;
Моментална употреба:Слободна локација за градење; Идеен проект за Агро берза - Центар за понуда и побарувачка на раноградинарски производи
Локацијата е погодна за дејностите: Откуп, доработка, складирање и дистрибуција на раноградинарски производи.
Инфраструктура: Комплетна инфраструктурна покриеност;
Информации: Во Струмичкиот регион се производува најголема колична на раноградинарски производи кои во еден дел се извезуваат во западно европските земји и земјите во регионот. Оснивањето на Центар за понуда и побарувачка на раноградинарски производи ќе овозможи раззвој на агробизнисот во Република Македонија а посебно во општината.
Проектирана инвестиција: 5.000.000 евра
ЛОКАЦИЈА 2
Назив: ИНДУСТРИСКА ЗОНА “СЕВЕР”
Сопственост: Државна и приватна
Локација: До Магистрален пат М-4; Стопанска зона;
Моментална употреба: Слободни локации за градење
Локацијата е погодна за дејностите: Производство, трговија, угостителство.
Инфраструктура: Недостаток на канализациска инфраструктура
Информации: Индустриска зона “Север” е најсовремена зона во општината. Се наога на 2 км од центарот на градот и во неа егзистираат околу 30 стопански капацитети. Во моментот само 20 % од неа е искористен а остатокот е во фаза на урбанизација.
ЛОКАЦИЈА 3
Назив: УЛ. МАРШАЛ ТИТО
Сопственост: Приватна
Површина: 7678 м2
Локација: Градско подрачје (500 м оддалечено од центрот на градот)
Моментална употреба: Слободна локација
Локацијата е погодна за дејностите: Административно деловен објект.
Инфраструктура: Комплетна инфраструктурна покриеност;
ЛОКАЦИЈА 4
Назив – НОВА СТОПАНСКА ЗОНА (Жито Струмица – Терминал Траншпед)
Сопственост: Приватна
Површина: 62 ha
Локација: Атрактивна местоположба на влезот во градот.
Моментална употреба: 10 % Стопанство а остатокот се слободни локаци за градење.
Локацијата е погодна за дејностите: Незагадувачко стопанство
Инфраструктура: Неизведена.
Информации: Деталните урбанистички планови за локациите се во фаза на изработка.
ЛОКАЦИЈА 5
Назив – ТУРИСТИЧКА НАСЕЛБА “ПАНАИР” с. Банско
Сопственост: Државна
Површина: 95.680 м2
Локација: Туристичка населба с. Банско, 12 км од Струмица
Моментална употреба: Слободна локација за градење
Локацијата е погодна за дејностите: Туристичко – Угостителска дејност
Инфраструктура: Локацијата е обезбедена со вода, електрична струја,
телефон, отпаден систем. До локацијата има пристапен асвалтен пат.