6/25/2017 | 
GTZ Redem

Сојуз на Стопанските Комори на Македонија

Тотал

место за реклама

CS Global


GTZ REDEM

  • Во името на Федералното Министерство за Соработка и Развој (БМЗ), ГТЗ и Министерството за Локална Самоуправа, Биро за недоволно развиени подрачја на РМ, заеднички го спроведуваат проектот за Регионален економски развој на источниот дел на Македонија (РЕДЕМ).

    Основна цел:

    Да се поддржи регионалната економија и вработувањето според критериумите на ЕУ во избрани региони на источна Македонија.

    Зошто Регионален економски развој?

    Локалните актери од приватниот и јавниот сектор, и граѓанското општество треба да се оспособат, врз основа на анализите на нивниот потенцијал и слабите страни, да изработат стратегии за подобрување на регионалниот економски развој и да ја подобрат ефикасноста и конкурентноста на проектниот регион.

    Кој е предизвикот?

    Предизвикот за источниот дел на Македонија е да ги искористи компаративните предности и ресурсите на регионот и своето население, да го искористи потенцијалот на приватниот сектор (воглавно Мали и Средни Претпријатија - МСП), постојано да создава повеќе нови работни места, и да го направи источниот дел на Македонија атрактивен како конкурентна локација, врз основа на регионалната политика компатибилна со политиките на ЕУ.

    За регионот

    Проектниот регион се состои од 23 општини кои покриваат површина од околу 7.000 km2, со вкупно население од приближно 375.000 жители.

    Главни компоненти на проектот:

    • Формулирање и координација/ прилагодување на концептот за регионален развој,
    • Институционално зајакнување на локалната и регионалната администрација,
    • Развивање на регионални иницијативи за креирање на нови работни места,
    • Поддршка на претприемништвото (постојни претпријатија, нови претпријатија, привлекување на инвестиции, поддршка на здруженија), • Развивање на регионални „брендови” (земјоделски производи, ракотворби, туризам итн.) за домашниот пазар и извоз,
    • Искористување на локалните ресурси и создавање на кластери или ланци на додадена вредност,
    • Анализа на и евентуално прифаќање на Добрата пракса од регионите во ЕУ,
    • Регионален и локациски маркетинг, како и односи со јавноста (на пр. саеми) во соработка со приватниот сектор.

    Влијание на проектот

    Постојните локални или регионални економски потенцијали ќе бидат насочени кон зголемување на конкурентноста на избрани локации и економски региони. Како резултат, треба да произлезат нови можности за вработување и создавање приход за населението во овие региони.

    Очекувани ефекти:

    • Подобрена конкурентност на избрани локации во источниот дел на Македонија,
    • Создавање на работни места и приход за населението во овие региони,
    • Зајакнување на финансиските можности на регионалните претпријатија,
    • Воспоставување на институции на суб-национално ниво преку соработка на јавниот и приватниот сектор со политички дијалог и овозможување на услуги (локално и регионално управување).

    Кои сме?

    The Deutsche Gesellschaft für Technische Zussamenarbeit (GTZ) GmbH е услужна организација за развојна соработка за оддржлив развој која делува во светски рамки. Обезбедува возможни, напредни решенија за политички, економски, еколошки и социјален развој во глобализираниот свет.

    Што работиме?

    Повеќе од 30 години ГТЗ ги подржува сложените реформските процеси, промените и развојот, во име на Федералното Министерство за Соработка и Развој (БМЗ) како нејзин главен клиент, за други германски министерства, влади на земјите партнери, како и во име на меѓународни организации како Европската Унија, Обединетите Нации и Светската Банка, но исто така и во име на приватни компании.

    Какви услуги?

    Главен фокус на ГТЗ во меѓународната соработка е техничката соработка. Ова подразбира не само трансфер на техничко знаење и експертиза, туку првенствено вклучува трансфер на знаење која им овозможува на луѓето да ја креираат својата сегашност и иднина. За оваа цел, ГТЗ ја зајакнува иницијативата на индивидуалецот, капацитетите на луѓето и организациите, и воспоставува основа за стабилен развој – исто така за идните генерации. Во нашата работа на ова мислиме кога велиме оддржливост.

    Каде работиме?

    ГТЗ во моментот спроведува околу 2.300 развојни проекти во 126 земји. ГТЗ има сопствени канцеларии во 67 од овие земји. Од вкупно 10.600 вработени околу 1.000 се вработени во Централата на ГТЗ во Ешборн, покрај Франкфурт на Мајна.

    Германија
    Dirk D. Thomsen, Head of Unit 3112 – South East Europe
    Deutsche Gesselschaft für Technische Zussamenarbeit (GTZ) GmbH
    Dag-Hammarskjöld-Weg 1-5
    Postfach 5180
    D-65726 Eschborn, Germany
    Телефон: (+49 - 6196) 792 322
    Факс: (+49 - 6196) 797 367
    Е-маил: dirk.thomsen@gtz.de
    Интернет: www.gtz.de
    Македонија
    Александар Караев, Проектен координатор
    ГТЗ Регионален економски развој на источниот дел на Македонија (РЕДЕМ)
    Канцеларија во Скопје:
    Железничка бб
    П. Фах 377
    1000 Скопје, Македонија
    Телефон: (+389 2) 3290 751
    Факс: (+389 2) 3123 672
    Е-маил: gtzredem@mt.net.mk
    Интернет: www.gtzredem.com.mk
    Регионална канцеларија во Штип:
    Собрание на Општина Штип
    Васил Главинов бр. 1, 3 кат
    П. Фах 161
    2000 Штип, Македонија
    Телефон: (+389 32) 393 366/ 393 096
    Факс: (+389 32) 393 086
    Е-маил: gtzredem@mt.net.mk
    Интернет: www.gtzredem.com.mk