3/30/2017 | 
GTZ Redem

Сојуз на Стопанските Комори на Македонија

Тотал

место за реклама

CS Global


ДРЖАВНИ ПОВОЛНОСТИ

  • 1. БРЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОМПАНИИ
    Едношалтерски систем за регистрација на компании. Постапката трае од 3 до 5 дена.
    2. ПОВОЛЕН ДАНОЧЕН СИСТЕМ
    • Персонален данок на доход 12 % (Од 01.01.2008 година 10 %)
    • Данок на добивка 12 %. (Од 01.01.2008 година 10 %)
    • Данокот на добивка на реинвестираниот профит 0 %.
    • Низа даночни поволности за инвестирање во слободни економски зони.
    • Данок на додадена вредност (повластена стапка 5 %, општа стапка 18 %)
    3.ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ
    Република Македонија има склучено договори за избегнување на двојното оданочување со 29 земји.
    4.ПОВОЛЕН ЦАРИНСКИ СИСТЕМ
    Република Македонија нуди ослободување од царински давачки за увоз на машани и опрема по основ на инвестиции за странски инвеститори.
    5.ПАЗАР ОД 650 МИЛИОНИ ПОТРОШУВАЧИ
    Република Македонија има склучено договори за слободна трговија со: Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн. Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Србија, Косово (УМНИК), како и со ЕФТА и Спогодба за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
    6.ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ НА ЗЕМЈИШТЕ
    Странските физички и правни лица стекнуваат право врз недвижности исто како и домашните правни и физички лица. Согласно Законот за градежно земјиште, градежното земјиште во сопственост на државата може да се отуѓи (со јавно наддавање или со непосредна спогодба), да се даде под концесија и под закуп. Локациите во приватна сопственост се продаваат по пат на непосредна спогодба.
    7. МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ
    Стабилен раст на Бруто домашниот производ (за околу 4%), ниска инфлација ( просечна стапка од 2-3 %) фискална дисциплина потврдена од интернационални финансиски институции.